Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Ние сме подготвени за избори кога и да бидат, а сега сè излегува на виделина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека неговата партија е подготвена за избори, но дека прашањето не треба да се сведува на тоа дали некој некого ќе „предизвика“, туку на тоа што власта остварила од програмата со која настапила пред граѓаните.

Филипче тврди дека власта реализирала само пет проценти од ветеното, а сега, наместо да даде отчет за сработеното, бара „предизвик“ за нови избори.

— реклама —

„Не е работата на избори, дали некој некого ќе предизвика. Во парламентарна демократија се работи по програма на Владата. Што сè не изнаредија пред избори, а ништо не остварија. Само пет проценти. И сега бараат предизвик за избори“, рече Филипче.

Тој се осврна и на односите на власта со ДУИ, посочувајќи дека СДСМ за тоа предупредувал подолго време.

— реклама —

„За соработката со ДУИ ние одамна укажавме“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ повторно изнесе и обвинување поврзано со трошењето пари за прославата на независноста, тврдејќи дека неговата партија уште пред неколку месеци предупредувала дека се подготвува проневера.

— реклама —

„Ние уште пред неколку месеци кажавме дека спремаат проневера на пари преку прославата за независноста“, изјави Филипче.

За ова тврдење Филипче во изјавата не понуди дополнителни детали или докази.

— реклама —

Тој порача дека СДСМ е подготвен за евентуално ново изборно соочување.

„Ние сме спремни за изборите кога и да бидат, а сè излегува на виделина“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 5 часа

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

(Видео) „Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?“, вели Филипче

Македонија | пред 5 часа

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања