Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче со иронија за Славјанка Петровска: „Знам дека има принципи, а ако не ѝ одговараат – има други, резервни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со иронична порака одговори на прашањето каков ќе биде статусот на Славјанка Петровска во партијата и пратеничката група, откако таа стана дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“.

— реклама —

Филипче рече дека Петровска треба самата да одлучи според своите принципи, а потоа упати забелешка по која следуваше аплауз од присутните во штабот.

„Таа има нејзини принципи, нека одлучи по нив. Јас добро знам дека Славјанка Петровска има принципи, а ако не одговараат, има други, резервни“, рече Филипче, по што присутните му аплаудираа.

— реклама —

Прашан дали е подготвен да разговара со Петровска и со останатите поранешни функционери кои се дел од платформата, Филипче рече дека е отворен за разговор со секој што, според него, има добра намера.

— реклама —

Истовремено, повторно ги обвини членовите на платформата дека дејствуваат во интерес на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Јас сум спремен да разговарам со сите кои имаат добра намера. Тие се сателити на Мицкоски, кои седнале на едно место кога ги отвораме најголемите скандали на Владата, излегуваат и нѐ дефокусираат. Никој не е наивен, нема да им помине“, рече Филипче.

— реклама —

Изјавата следуваше по прашањето за идниот статус на Петровска, која останува дел од пратеничката група на СДСМ, а истовремено учествува во платформата на поранешни и актуелни партиски функционери „Разговори за иднината во 12:05“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања