Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот претставува темел на мирот, соживотот и демократската иднина на Македонија.

— реклама —

Филипче посочи дека државата е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да претставуваат сила на општеството, а не причина за политички поделби.

„Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата“, порача Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта предводена од Мицкоски, како што наведе, повторно создава поделби и атмосфера на страв и омраза.

— реклама —

Филипче ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги дели граѓаните, создава непријатели и шири страв, при што се осврна и на употребата на изразот „талог“ за дел од граѓаните.

„Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава – дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, порача претседателот на СДСМ.

— реклама —

Тој додаде дека по 25 години од потпишувањето на договорот, обврска на сите е иднината на државата да се гради врз соживот, еднаквост и меѓусебно почитување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 19 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања