Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Филков: Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1 септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4704

Министерот за правда Игор Филков иницираше постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа којашто беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога. Министерството за правда иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за непримена на донесената одлука.

Пред да се направат измени од ваков обем кои дирекно се одразуваат врз граѓаните и стопанството во државата, неопходно е отворање на широка дебата.

— реклама —

,, Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или покапувањето е минимално.Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени. Секоја одлука што дирекно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи на широка дебата, односно пред да донесенеме каква било измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира”,рече на денешната прес конференција, министерот за правда Игор Филков.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања