Филмот за исчезнатиот македонски премиер в недела во кино „Милениум“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

Македонскиот филм „Еј!“ во режија на Васил Христов во недела, 18 ноември, премиерно ќе се прикаже во кино Милениум во рамките на гала програмата на фестивалот за европски филм „Синедејс“. Христов, кој е и сценарист, го работел филмот пред 10 години. А како што најавија од „Синедејс“, конечно по една деценија ќе имаме можност да го погледнеме.

— реклама —

Дејствието раскажува за група пријатели кои за време на една ноќна забава имаат спиритуална сеанса. На шега се обидуваат да стапат во контакт со духот на Александар Велики. Меѓутоа, наместо духот на античкиот лидер, меѓу нив се материјализира вистинскиот премиер на Македонија.

— реклама —

Набрзо, низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот шеф на владата. Светските медиуми пренесуваат дека исчезнал од спалната соба, каде што спиел до неговата сопруга. Земјата е во состојба на готовс. Преку ноќ, групата пријатели без намера стануваат грабнувачи на премиерот, а тој нивни несакан заложник.

— реклама —

Филмот е во продукција на „Диаболик“, продуценти се Васил Христов и Горан Ацевски, а кинематографер е Душан Кардалевски. Актерската екипа ја сочинуваат Кирил Коруновски, Николина Кујача, Оливер Митковски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Софија Насевска, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Гораст Цветковски, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Соња Стамболџиоска, Славиша Кајевски, Јелена Галевска, Кирил Поп Христов.

Премиерното прикажување на „Еј!“ е со почеток во 20 часот, а билети може да се набават онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на кино „Милениум“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања