Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

— реклама —

На престижниот копродукциски форум Агора, во рамките на 59. Филмски фестивал во Солун, наградата Crossroads беше доделена на режисерот Вардан Тозија и продуцентот Дарко Попов, за филмскиот проект во подготовка, со работен наслов "М" на продуцентската куќа Фокус Покус.

— реклама —

— реклама —

"Наградата за пост-продукција ја доделуваме на иден филм со високи визуелни амбиции, воден од режисер, кој според нас, обединува она што режисер треба да го носи во себе: раскажувач, но воедно и познавач на техниката на филмот. Затоа, се одлучивме оваа награда да ја доделиме на "М" на Вардан Тозија" - изјави Паскал Диот, директорот на филмскиот маркет на Венецискиот филмски фестивал . Остатокот од жирито го сочинуваа романската продуцентка Ада Соломон и францускиот дистрибутер Алексис Хофман. Наградата вклучува постпродукција и финализација на слика и тон на идниот филм, во реномираното атинско студио "2:35".

Инаку, приказната на "М", филм што треба да се реализира наредната година, следи две напуштени деца кои се обидуваат да пронајдат љубов и заштита, во разурнат и суров дистописки свет во блиската иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања