Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Финансиска полиција ќе ја гони МРТВ, директорот недостапен за коментар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MTV

Финансиската полиција ќе ги истражува наодите на Државната ревизија за неправилности во работата на Македонската радио телевизија. До архивата на Полицијата е доставен конечниот Ревизорски извештај за 2017 година.

— реклама —

„Управата за финансиска полиција ќе постапи по истиот и согласно добиените наоди ќе биде известено и надлежното јавно обвинителство“, велат оттаму.

По допрен глас, предмет за несовесното работење на јавниот сервис ќе отвори и Антикорупциската комисија, која се уште ги анализира наодите на државниот ревизор. Иако денеска стапивме во контакт со директорот на МРТВ, Марјан Цветковски и најави одговор на прашањата поврзани со пропустите во телевизијата, сепак одлучи да не даде свој став во врска со сомнежите за несовесно работење. Кусо, телефонски побара прашањата за кои сме заинтересирани да му ги испратиме по СМС порака.

— реклама —

„Дали ќе може ваш став за ревизорскиот извештај за 2017 – та година и наодите во него. Може ли да снимиме куса изјава, сепак се дигна прашина околу извештајот“, гласела СМС пораката испратена од Алсат-М до Марјан Цветковски, директор на МРТВ

Цветковски ја прими пораката и веќе не одговори на телефонските повици. Инаку, ревизијата во МРТВ за 2017 – та година откри низа пропусти. Токму директорот Цветковски овластил раководител на сектор да потпишува документи во негово име. Полномошното за ова било генерално, без да се прецизираат овластувањата, а документот не бил ниту архивиран. Поради ова, ревизијата се сомнева дека постои ризик од незаконско работење.

Дополнително, иако ненадлежни, Програмскиот совет и Надзорниот одбор дале амин МРТВ да се задолжи со заем во банка. Нарачале да се направи и бизнис план. Барале над два милиони евра. Бизнис планот бил покритие. Парите ги земале и наместо за инвестиции, телевизијата почнала со парите да се раздолжува. Ревизорите откриле дека јавниот сервис за документарци потрошил над 2,2 милиони евра. За серијал се трошеле од 100 до 400 илјади евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања