Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Финансиска полиција открила финансиски скандал во М-НАВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје против две лица вработени во М-НАВ АД Скопје – акционерско друштво во државна сопственост за услуги во воздухопловната навигација.

— реклама —

Првата пријава се однесува на В.К., поранешен извршен директор на Секторот за воздухопловна техника, кој се сомничи за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ (член 353 став 2 од Кривичниот законик). Според пријавата, В.К. во 2022 година споил две различни јавни набавки – набавка на софтвер за управување со документи и физичко/електронско архивирање – во една постапка. Притоа, изготвил техничка спецификација и тендерска документација со дискриминирачки и несразмерни услови, со што, според надлежните, го прекршил Законот за јавни набавки, особено членовите 5 и 8, кои се однесуваат на начелата на конкуренција и сразмерност.

— реклама —

Втората пријава е против Б.А., в.д. раководител на Одделението за јавни набавки, осомничена за „Несовесно работење во службата“ (член 353-в став 2 од Кривичниот законик). Таа, иако била свесна дека тендерската документација е спротивна на законот, сепак ја објавила во електронскиот систем за јавни набавки, со што овозможила спроведување на постапката.

— реклама —

„Со поставување на вакви дискриминирачки критериуми кои ја ограничиле конкуренцијата, пријавените, според Финансиската полиција, го оштетиле буџетот на М-НАВ АД Скопје за над 1.493.000 денари, додека корист остварило приватното правно лице Контего ДОО Скопје, со кое потоа бил склучен договор“, велат од Финансиската полиција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања