Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над 7,4 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две лица и едно правно лице поради сомнение за даночно затајување.

Како што соопшти Министерството за финансии, пријавата е поднесена против М.Ш. и Ж.Р., во својство на управители на правното лице, како и против самото правно лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“.

— реклама —

Според наводите, пријавените во различни периоди свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, избегнувале плаќање даночни обврски.

— реклама —

За 2020 година тие доставиле даночен биланс со лажни податоци, додека за 2021 и 2022 година воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување данок на добивка, иако тоа било законска обврска.

Во соопштението се наведува дека од банкарските сметки на фирмата биле подигнувани парични средства и вршени плаќања кои не биле поврзани со дејноста на правното лице, без соодветна сметководствена документација за нивната оправданост.

— реклама —

Дополнително, за да ги прикријат активностите, не биле поднесени завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот регистар.

— реклама —

Според Финансиската полиција, со ваквите дејствија пријавените не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.

Со тоа, како што се наведува, Буџетот на државата бил оштетен за вкупно 7.426.323 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања