Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Финансиските друштва под надзор: Министерството наложи отстранување на измамнички реклами со „0% камата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarysdtcp0jev3211op7hzu

Министерството за финансии при надзор утврдило измамнички трговски практики кај финансиски друштва, поврзани со рекламирање спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. Констатирано е рекламирање „0% камата“ иако имало дополнителни трошоци, како и рекламирање под брендови без наведување на друштвото. Откриени се и користење повеќе веб-страници и различен назив во просториите од оној во дозволата. На друштвата им е наложено да ги отстранат заблудувачките реклами и да користат единствен назив и една веб-страница, инаку ќе следат мерки.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за финансии во реализиран надзор над работењето на финансиските друштва  констатираше одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.

— реклама —

При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.

Министерството за финансии на сите финансиски друштва кај коишто утврди неправилности им наложи да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда. Во спротивно Министерството за финансии ќе ги преземе расположливите мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

Имено, во насока на усогласување со законските одредби, финансиските друштва се должни да го користат исклучиво називот согласно дозволата за работа издадена од Министерството за финансии, како и користење една веб страна, која јасно укажува за кое финансиско друштво станува збор. Согласно Законот за заштита на потрошувачите одредена трговска практика се смета како измамничка доколку во содржината изостануваат битни инфромации што на потрошувачот му се потребни за да донесе правилна одлука“, информираат од Министрството за финансии.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања