Финанскиска помош за јавните градски претпријатија за справување со последиците од КОВИД 19 пандемијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9.вонредна седница на која ќе расправа за доделување финансиска помош (субвенции) за јавните градски претпријатија, во насока на справување со финансиските последици предизвикани од кризата со корона пандемијата.

— реклама —

Со првата одлука, Советот ќе расправа за префрлање финансиски средства, доделени од Буџетот на РСМ, обезбедени со последниот ребаланс, за субвенции на ЈСП „Скопје“ – Скопје, каде се доделува неповратна финансиска помош за ЈСП „Скопје“ - Скопје во износ од 45.000.000 денари.

— реклама —

Советот на Град Скопје ќе расправа за посебни одлуки, каде со средства од Буџетот на Град Скопје, поради потешкотии во работењето предизвикани од кризата со корона пандемијата треба да се доделат субвенции во вкупна вредност од 75.000.000 денари, или 40.000.000 денари за ЈП „Комунална хигиена“, 15.000.000 денари за ЈП „Водовод и канализација“ и 20.000.000 денари за ЈП „Паркови и зеленило“.

— реклама —

Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуката за субвенционирање на ЈП „Паркови и зеленило“ за набавка на два система за рана детекција на пожари, за што ќе биде доделена субвенција во износ од 14.160.000 денари, како и за Одлуката за давање согласност на Ценовник на саден материјал на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања