Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Финишираат подготовките за чествувањето на 2-ри Август

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zname

На 2-ри Август 2019 година, во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, со почеток во 11:30 часот ќе се одржи централна манифестација по повод државниот празник 2-ри Август – Ден на Републиката, на која ќе се обратат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците.

— реклама —

На свеченоста во Кабинетот на Претседателот се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на институции и на политички партии во државата, како и членови на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија.

— реклама —

Претходно, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во Скопје ќе се одржат неколку настани во рамки на чествувањето на 2-ри Август - Ден на Републиката.

Во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, претседателот Пендаровски заедно со претставници на Сојузот на борците, во 10:00 часот ќе положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе се поклони и ќе оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.

— реклама —

Делегација од Кабинетот на Претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, во 8:45 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, во 09:00 часот пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, и во 09:15 часот пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.

— реклама —

Свеченостите за чествување на 2-ри Август - Илинден во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ќе бидат отворени за медиумите, а од централната свеченост во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот, ќе се врши и директен пренос на јавниот сервис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања