Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Фирма од соларниот картел на Ковачевски добила 2 милиони евра од ЕВН кај што државата има удел, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slika-2

Нов ден нова потврда за соларниот картел кој го создал дезертерот Ковачевски. Аферата Броило, тешка 26 милиони евра ја покажа шемата за профитирање во време на криза, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Броилото завртело меѓу другите милиони и 2 милиони евра од договорот со ЕВН каде што државата има свој удел. Имено фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар, склучува договор со ЕВН на 03.02.2021 година, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии. Овој договор е се уште на сила, односно е на сила и кога Ковачевски е премиер.

— реклама —

Како баш фирмата на кумот на Ковачевски, во време кога Ковачевски е заменик министер, склучува договор со компанија во која државата има удел, од цели 2 милиони евра?

Ако ова за надлежните институции не е доволно да испитаат трговијата на влијание и како е направен изборот, тогаш нема друг поеклатантен пример.

— реклама —

Да биде скандалот поголем фирмата на кумот на Ковачевски КМГ ЕОЛ Квазар не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп. Врти сучи- парите се движат околу фирми кои директно или индиректно се поврзани со Ковачевски.

— реклама —

Ковачевски е оската околу кој се врти соларниот картел кој свртел 26 милиони евра. После аферата Броило, дезертерот Ковачевски ако имаше грам доблест не треба да чека ни миг, туку веќе требаше да ја има потпишано својата оставка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања