Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Фирма во сопственост на странски конзул и колега на Ковачевски добива тендери во износ од 40 милиони евра за лиценци за комјутерски програми, обвини опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-ilinden

„Димитар Ковачевски на својот пријател и колега Марко Андонов преку фирмата Аитоникс директно преку два тендери му дава 40 милиони евра“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

„Два тендера за софтверски лиценци во рок од 3 години, најпрвно 15 милиони евра во 2020 година и 25 милиони евра во 2023 година. Фирмата Аитоникс е во сопственост на Марко Андонов, кои владата го именувала за почесен конзул Грузија во Македонија, тоа значи дека истиот добива дипломатски статус со задача да ги промовира интересите на странска влада која го назначува. Тендерите кои фирмата Аитоникс ги добива се за лиценци за компјутерски програми и со тоа би требало да гарантираат сајбер безбедност. Како фирма која ја води конзул на друга држава би гарантирала сајбер безбедност во Македонија?

— реклама —

Тотална неспособност и забеганост на владата на ДУИ и СДС е пресликана во целосната незбедност од сајбер напади врз државните институции кога блиски луѓе на Ковачевски ги добиваат тендерите кои треба да обезбедат безбедност на системите во Македонија.

— реклама —

Владата на Ковачевски плаќа 40 милиони евра за софтвери за лиценци на фирма која ја води конзул на друга држава, а цела година училиштата беа цел на сајбер напади. Институциите треба да се одважат и да постапат за овој случај, каде конзул на друга држава во Македонија добива тендери во износ од над 40 милиони евра. Тендери во кои постојат сериозни индиции за влијание и корупција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања