„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Физички напади во Тетово, Скопје, Гостивар, Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tepacka1

На 23.02.2019 година во 12.00 часот во СВР Тетово, А.Б.(25) од Тетово пријавил дека во сендвичара на улица „Јане Сандански“ физички бил нападнат од лицата А.А. и С.Н. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

На 23.02.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Ц.(54) од село Мирковци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот, додека извршувал работни задачи во кругот на поранешен Скопски саем, физички бил нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2019 година во 00.30 часот во Полициската станица Гостивар, Б.Д.(61) од село Балиндол, гостиварско, пријавил дека на 23.02.2019 година околу 22.30 часот во угостителски објект во Гостивар на улица „Панче Попоски“ физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

На 24.02.2019 година во 03.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Р.(47) од Скопје, пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ физички бил нападнат од Б.Б.(19) и Т.А.(19), двајцата од Скопје. Исто така, во Полициската станица Аеродром, во 04.00 часот било пријавено дека во казино на бул. „Јане Сандански“ Р.Р. физички ги нападнал Б.Б. и Т.А. Со трите лица бил извршен разговор и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 24.02.2019 година во 01.15 часот во СВР Штип, Т.А.(34) од Штип пријавил дека пред бурекџилница на ул. „Борис Крајгер“ во Штип тој и неговиот другар С.Т. биле физички нападнати од три лица., а еден од нив со остар предмет го удрил Т.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2019 година во 00.25 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.Н.(55) од Скопје пријавил дека на 23.02.2019 година околу 23.10 часот пред угостителски објект на улица „Христо Татарчев“ бил физички нападнат од А.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Центар, В.К.(55) од Скопје, такси возач, пријавил дека истиот ден во 09.30 часот, додекабил на работното место, физички бил нападнат од лицето Р.Т.(43) од Скопје. Според пријавата, на улица „Народен Фронт“ во неговото возило се качил Р.Т во алкохолизирана состојба и рекол дека нема да плати и го удрил таксиметарот. Откако В.К. му кажал да излезе, Р.Т. физички го нападнал. По документирање на случајот против Р.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.02.2019 година во 02.45 часот во Полициската станица Центар, Ј.Р.(35) од Скопје пријавила дека во возило „Фиат пунто“ на паркинг простор на улица „Димитрие Чуповски“ била физички нападнат од лицето Б.Д.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања