На 15.03.2019 во 01.30 часот во Полициската станица Велес, Р.С.(21) од Велес пријавил дека на улица „Лазо Осмаков“ бил физички нападнат од Н.П. и А.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2019 во 11.30 часот во Полициската станица Тетово, Х.З.(51) од село Мала Речица, тетовско, пријавил дека на 13.03.2019 околу 13.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од лицето Б.Ш. од Тетово и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2019 во 13.40 часот во Полициската станица Карпош, Е.В.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.40 часот, на булевар „Партизански Одреди“, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од две нејзини врснички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2019 во 17.45 часот во Полициската станица Охрид, вработен во банка во Охрид пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот, додека бил на работното место, физички бил нападнат од лицето. Н.У.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.