Фотографија на дете кое седи на улица и во рацете држи испишана порака дека собира 2.500 денари кои му се потребни за преглед на очи во клиниката Промедика во Скопје, ги преплави социјалните мрежи пред два дена. Во описот на фотографијата беше наведено дека се работи за девојче, кое било фотографирано во Охрид истата вечер, објави fokus.mk.
По социјалните мрежи следеа многу реакции и апели детето да се пронајде. Многу граѓани понудија парична помош за прегледот, но и за понатамошното лекување. Се пријавија и поликлиники кои упатија јавен апел, до сите кои имаат контакт со детето на фотографијата, веднаш да ги контактираат, појаснувајќи дека целиот трошок за лекувањето ќе биде покриен од страна на клиниката.
Но и покрај апелите конкретни податоци кое е детето немаше. Сепак, на крај се испостави дека целата фама која што се крена поради фотографијата е лажна, а од клиниката објавија детали за кој случај всушност станува збор, како и медиумски објави на темата за детето. Тие велат дека станува збор за Марјан С., тогаш седумнаесет годишник, исчезнал од дома.
Текстот во целост на: fokus.mk.