Фокус: Двајца анестезиолози во ек на пандемијата ја напуштаат ГОБ „8 септември“ и заминуваат на работа во приватна болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
8-mi-septemvri

Двајца анестезиолози од вкупно 13 во Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид 19 одлучиле да ја напуштат и да заминат на работа во приватната болница „Систина“, неофицијално дознава „Фокус“.

— реклама —

Според информациите на Фокус, тие во петокот се обратиле до директорот на болницата, доктор Кристијан Костов позната како Ковид центар и во која во моментот се носат најтешките случаи за да им потпише отказно решение. извори за Фокус тврдат дека едниот од анестезиолозите претходно веќе работел во приватната болница, но се вратил во Градската болница, од која сега сака повторно да замине.

На двајцата анестезиолози за да останат на работа во болницата им било понудено да останат и две недели на одмор, но сепак во најтешките моменти во историјата на оваа болница да не ги оставаат на цедило нивните колеги, кои деноноќно водат битка со пациентите од кои од седум до 12 секојдневно ја губат битката со вирусот.

— реклама —

фокус.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања