На денешното рочиште за случајот „Монструм“ продолжи читањето на СМС пораки и транскрипти од телефонски разговори поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро. Судијата Огнен Ставрев прочита и неколку пораки од екс премиерот Никола Груевски.
-ДУИ на сите страни шират лаги за постапувањето на МВР за петкратното убиство. Тоа прави голема штета на државата, вели Груевски, објави Фокус.мк
Во друга порака пак Груевски пишува:
„Некоја организација на жени или МПЦ нека им реплицира на ИВЗ. Испаѓа дека шиптарките може дома да чуваат тенкови а полицијата ништо да не им може само затоа што се жени муслиманки, пишува Груевски до соговорник.