Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Фолксваген планира да отпушти 100.000 вработени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген размислува за нов бран реструктурирање кој би можел да опфати укинување на до 100.000 работни места, затворање на повеќе фабрики во Германија и намалување на инвестициите, објави германскиот бизнис-портал „Менаџер Магазин“.

Според објавените информации, извршниот директор на компанијата, Оливер Блуме, планира да ги намали инвестициите за околу 15 проценти, на нешто повеќе од 130 милијарди евра во следните пет години.

— реклама —

Планот, исто така, предвидува постепено запирање на производството во фабриките во Хановер, Цвикау и Емден, како и во фабриката на „Ауди“ во Некарсулм, по повлекувањето на постојните модели од производната линија.

— реклама —

Доколку бидат усвоени, предложените мерки ќе одат подалеку од актуелната програма за намалување на бројот на вработени за 50.000 лица и би претставувале значително отстапување од договорот постигнат со синдикатите во 2024 година, со кој беше предвидено да нема затворање фабрики во Германија во текот на оваа деценија.

— реклама —

Од Фолксваген засега не ги коментираат информациите. Портпарол на компанијата одбил да зборува за, како што ги нарекол, „доверливите документи“, посочувајќи дека евентуалните одлуки ќе бидат разгледувани и одобрувани од управните тела на компанијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Катар го блокираше договорот меѓу „Фолксваген“ и израелска воена компанија

Свет | пред 6 дена

Нема фотографија

Шефот на Фолксваген заминува

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања