Сопственикот на ФОН Универзитет, Сефер Цаноски, на својот ФБ профил објави дека познатиот професор од Правниот факултет при УКИМ, Љубомир Фрчкоски од 1 март ќе биде декан на ФОН.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216287907183124&set=a.2350232728046&type=3&theater
Проф. др. Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.
Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март“-објави Цаноски.