„Форбс“ објави листа која покажува кои земји се најбезбедни во време на пандемијата на коронавирусот. На првото место е Швајцарија, втора на листата е Германија, додека пак на 100. место се Бахамите. Според анализата Македонија е сместена на 103.
Балканските земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, според овие параметри, се наоѓаат пред светските сили – Русија и Америка.
„А каде се САД?“, прашува магазинот. Тие се на 58-то место, веднаш по Романија и на две позиции пред Русија, која е на 61-то место.
Што се однесува до балканските земји, на листата најдобро стои Словенија – 32 место, четири места зад неа е Хрватска, додека Црна Гора е на 42-то место. Србија пак се најде на 54 место.
Податоците се базираат на 130 квалитетни и квантитетни параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикансост на владата.
фото: Архива