Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Формиран Балкански форум на уставни судови: Уставниот суд на Македонија меѓу основачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во име на Судот потпиша Меморандум за разбирање и основање на Балкански форум на уставни судови заедно со претседателите на уставните судови на Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово и Турција.

— реклама —


„Согласно Меморандумот овие цели ќе се реализираат преку одржување на годишни средби и состаноци, обуки и работилници на кои ќе бидат изложени дискусиите за уставното право и предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во современите околности на примена при одлучување за правата и слободите на граѓаните. Преку овој форум предвидено е да се основаат работни групи и комитети на експерти со фокус на специфични области од уставното право, кои ќе изработат истражувања, анализи и мислења кои ќе бидат значајна помош при практицирањето на уставната материја“, велат од Уставниот суд.

— реклама —


— реклама —

По потпишувањето на Меморандумот беше отворен првиот годишен состанок на Балканскиот уставен форум и покрај судовите-потписници, присуствуваа претставници од уставните судови на Босна и Херцеговина, Грција, Романија и Хрватска.


Се одржа и првата заедничка конференција на која учесниците ги споделија искуствата од своите држави и устави за пристапот на граѓаните до уставната правда.

— реклама —

Основачкиот состанок на Балкански форум на уставни судови се одржа во Софија, Бугарија на 27 октомври 2023 година, со подршка и присуство на претседателот на Судот на правдата на Европската унија Коен Ленартс, потпретседателот на Европскиот суд за човекови права,Марко Бошњак и потпретседателот на Европската Комисијата Вера Јурова.


Македонската делегација ја претставија претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, судијата Елизабета Дуковска, секретарот на Судот, Александар Лазов и портпаролката Христина Беловска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања