Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Формиран мешовитиот комитет за управување со регионот на Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
17012020_KomitetUNESCO_Ohrid-3

Согласно со Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, денеска во Охрид беше формиран Мешовитиот комитет за управување со регионот на Охридското Езеро. На конститутивната седница на Комитетот,  во кој членуваат претставници на централните и локалните власти на двете земји и претставници на невладиниот сектор, за председател со едногодишен мандат беше избран Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, а за секретар Илир Џаколи, градоначалник на Поградец од соседна Албанија. Следниот состанок на Комитетот, како што беше договорено ќе се одржи во месец јуни во Поградец.

— реклама —

-Формирањето на Меѓудржавниот комитет со Албанија е еден значаен чин во исполнување на препораките на УНЕСКО. Со заштитата на албанскиот дел од Охридското Езеро, нормално е и пожелно е заеднички да пристапиме кон исполнување на препораките на заштита на езерото и исполнување на сите наши заеднички обврски и цели во однос на заштитата на регионот на езерото. Овој е прв конститутивен состанок на овој комитет и се надевам дека во иднина ќе имаме плодна работа и заеднички ќе одговориме на сите предизвици, рече градоначалникот Константин Георгиески .

— реклама —

Мешовитиот комитет, според деловникот за работа што беше усвоен на конститутивната седница, ќе изготвува препораки за  интегрирана заштита на Охридското Езеро и неговиот слив, за комплетирање на законската регулатива, имплементирање на ефикасни системи за набљудување и поголемо учество на јавноста и невладиниот сектор. Препораките, со утврдени рокови за имплементација ќе бидат доставувани до владите на двете земји.

-Менаџирање и управување со Охридскиот регион е една од најважните обврски од состанокот во Баку бидејќи сега делот од Охридското Езеро од албанска страна е под заштитата на УНЕСКО. Една од обврските и препораките на УНСЕКО беше формирање на овој Меѓудржавен комитет. Целите на комитетот ќе бидат да го менаџираат процесот на сите активности поврзани со Охридскиот регион. Одлуките ќе се носат со консензус- рече Едмонд Адеми, министер без ресор во Владата на Репулика Северна Македонија и председател на македонската комисија за соработка со УНЕСКО.

На конститутивната седница на Мешовитиот комитет, беа договорени приоритетни области за заеднички менаџмент во 2020 година и беа разгледани можностите за проекти од меѓусебната гранична соработка помеѓу двете држави и центарот на УНЕСКО.

020 год.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања