Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Формиран нов зелен коридор во општина Бутел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новоформираниот зелен коридор во населбата Бутел 1.

„Изминатиов период интензивно се работеше на хортикултурно уредување на овој простор кој со години е запуштен, сега доби нов лик и дополнително зеленило во овој предел од општината, на барање на граѓаните. Во следниот период ќе биде завршен и зелениот коридор во населба Радишани и дополнителни нови зелени површини низ населените места во сите скопски општини“, истакна Арсовска.

— реклама —
— реклама —

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека се менува ликот на општина Бутел, со подигнувањето на нови зелени површини и паркови, на места каде со години наназад не е реализирано ништо. Наскоро се започнува со изградба на два нови паркови и завршување на паркот во населбата Радишани кој е во финална фаза, истакна Костовски.

— реклама —

„Градот Скопје, заедно со ЈП Паркови и зеленило, продолжува со активности за уредување на нови зелени појаси низ населените места во Скопје, на кои се работи етапно, со поставување на нов систем за полевање, нова вегетација, тревници и нови садници и целосно уредување, а во следниот период во уште поголем интензитет“, посочи директорот на ЈП Паркови и зеленило, Сотировски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања