Промени тема
Контакт

Формиран Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија е формиран синоќа во Софија на Бугарско-македонска културна средба организирана од Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина".

— реклама —

— реклама —

Како што соопшти Бугарско-македонскиот бизнис-клуб, на средбата е усвоена и Декларација за потребата од зајакнување на духовните и културните врски меѓу Бугарија и Македонија.

На состанокот учествувале истакнати личности од културата од двете држави, кои разговрале за  културните врски и ги споделиле своите препораки и идеи за развој и зајакнување.

— реклама —

За време на средбата била отворена изложба на групата „PRINTNEST" - на творци од Софија и Охрид: Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван Матеев и Горан Тричкоски. Била претставена и книгата „Паника во музејот“ на писателот Иван Шопов од Скопје, како и зборник и две цедиња од „Бугарски народни песни од Македонија" собрани од Коста Црнушанов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања