Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Формирана комисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_6098

На оваа своја 131 седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Планирање и проценка (PARP), согласно редовната обврска за планирање на одбранбените капацитети на Република Северна Македонија за 2019 година, и го задолжува Министерството за одбрана да ги реализира подготовките за мултилатералните консултации со НАТО за финализирање на PARP Проценката 2019 на Република Северна Македонија до 30 јуни 2019 година, до кога овој документ треба да биде доставен во Главниот Штаб на алијансата во Брисел.

— реклама —

За имплементацијата на преземените обврски, Министерството за одбрана треба да ја информира Владата на РСМ најдоцна до 31 јули 2019 година. На седницата одржана денеска, Владата донесе Решение за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување  на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија или предлог за поништување на постапка.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања