Форум на жени на ЛДП: Секој ден е борба за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на стереотипните родови улоги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_3038

Да се охрабруваме, да опстоиме во борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жената но и секој ден е ден на борба за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на стереотипните родови улоги се главните пораки кои произлегоа од он-лајн конференцијата ,,За женските права и родовата еднаквост" која се одржа од страна на Форумот на жените на ЛДП како главна активност за одбележување на 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

— реклама —

На конференцијата ги поздрави претседателот на ЛДП Горан Милевски, а говореа пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова и претседателката на Форумот на жени на ЛДП Билјана Аврамоска Ѓореска.

— реклама —

- Либерално Демократската Партија ја препознава важноста и влијанието од зголемена застапеност на жените во политиката и се залага за еднакво учество на жените и мажите, поттикнувајќи ги и имплементирајќи ги политиките за родова еднаквост. Се покажа дека многу постигнавме досега, но има уште многу нешта кои треба да се остварат до родова еднакавост. “Единствено половина е еднаков дел, и единствено еднакво е доволно, вели претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска.

— реклама —

Форумот на жени на ЛДП во Градскиот парк во Скопје им подели подароци, шолја за чај/кафе на сите жени во паркот, со испишани јасни пораки за заложбите на ЛДП за рамноправност помеѓу мажите и жените.

Исто така по повод интернационалниот ден на највозрасните членки на Централниот одбор и долгогодишни активисти и борци за либерал демократијата Бранка Станојевска и Бисера Јакимовска им беа врачени благодарници за нивниот несебичен ангажман во ЛДП.

фото: ЛДП

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања