Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Форумот на жени на СДСМ: Дали Мицковски ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
forum-zeni-sdsm

Форумот на жени на СДСМ остро го осудува шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во неговата објава против новата министерка за финансии, Нина Анегеловска.  Недозволиво и неодговорно е портпарол на парламентарна партија да се служи со родов шовизнизам и мизогинија и во своите објави на социјалните медиуми да употребува сексистички речник и говор на омраза насочен против жените, истакна Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ.

Оттука, го прашуваме Христијан Мицкоски, дали се согласува и ја одобрува објавата на неговиот протпарол Стоилковски?

— реклама —

Дали ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените?

Ги повикуваме и жените во ВМРО-ДПМНЕ да одговорат дали се согласуваат со навредите на Стоилковски?

— реклама —

Дали неговата објава полна со шовинизам е дел од комуникацијата со жените внатре во партијата? Дали така им се обраќаат на партиски состаноци? Очигледно е дека ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е исто како и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.  Тоа е истата матрица на навреди, матрица на понижување на жените и нивните права.

Ги повикуваме сите граѓански здруженија да го осудат овој срамен и недоличен потег на Стоилковски.  Апелираме до сите граѓани да се спротивстват на ваквите ретроградни тенденции кои се спротивни на демократските и универзалните човечеки вредности.

— реклама —

Потсетуваме дека Република Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

 Ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја покажуваат подготвенсоста на Владата предводена од СДСМ за унапредување на правата на жените.

— реклама —

 Во Северна Македонија, нема и нема да има место за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените, истакна Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања