Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(ФОТО) 105 македонски медиумски работници ја примија вакцината „АстраЗенека“ во Врање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
izjava-ivona

Во отсуство на масовна вакцинација 105 македонски медиумски работници, новинари, сниматели, фоторепортери, возачи, во српскиот град Врање, се вакцинираа со вакцината на АстраЗенека, која беше обезбедена преку УНС-Здружението на новинари на Србија и кабинетот на претседателот, Александар Вучиќ, а со посредство на МАН -Македонска асоцијација на новинари.

Вакцинацијата се реализира во Домот за јавно здравје во Врање кој целосно ги ставил на располагање своите капацитети за вакцинација на медиумските работници од земјава. Истата поминала во најдобар ред и побрзо од очекуваното изјави за Глас на Америка, Ивона Талевска, претседател на МАН.

— реклама —

„Заедно со претседателот на здружението на новинари на Србија, Бранимир Радомировиќ повикавме на масовна вакцинација на населението, бидејќи тоа е единствен начин да се заштитиме од ковид 19. Сите вакцини се одлични, а најдобра е онаа која ќе ја имаме на располагање. Затоа важно е да се вакцинираат не само медиумски работници туку и целото население. Преговараме за дополнителна квота за други медиумски работници од земјава да бидат вакцинирани“, изјави за ВОА, Талевска.„Решението не е само ние да се вакцинираме, туку треба да бидат заштитени и нашите соседи. Тоа е единствен начин сите да сме здрави“, изјавил, Бранимир Радомировиќ, претседател на УНС – Србија.

— реклама —

— реклама —

извор: VOA Глас на Америка

фото: VOA Глас на Америка

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања