„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) 50.000 маски од Нанчанг ќе стигнат до здрасвтвените установи – град Скопје почна со дистрибуција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Градот Скопје денеска почна со дистрибуцијата на донацијата од 50.000 заштитни маски од збратимениот град Нанчанг, од Кина, кои ќе бидат наменети за здравствените работници во повеќе здравствени институции во Скопје.

— реклама —

— реклама —

  • Дозволете да изразам голема благодарност до граѓаните на градот Нанчанг и до мојот колега градоначалникот Хуанг Шиџанг за оваа донација, да се заблагодарам на амбасадата на НР Кина која помогна во интензивната комуникација и до Владата на Република Северна Македонија за логистиката при транспортот на овие маски. Денеска симболично почнуваме со дистрибуција на маските и на Градската болница „8.Септември“, на Инфективното одделение, ќе предадеме 2.000 заштитни маски за вработените во ова одделение. Дел од маските, во соработка со Министерството за здравство, ќе завршат во здравствените институции што се наоѓаат на територијата на нашиот град - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на предавањето на донацијата во болницата „8.Септември“.

Ова е време, додаде тој, во кое сите мораме да се грижиме за здравјето на здравствените работници за тие да можат да им помагаат на луѓето во оваа светска пандемија.

  • Утре е 1 Мај, Денот на работниците, па дозволете 1 Мај да го посветиме на здравствените работници. Ги замолувам граѓаните да останат дома и да се придржуваат до мерките, за да можеме што побргу и поедноставно да излеземе од епидемијата – рече Шилегов.

фото: Град Скопје

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања