„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) 85-годишната прилепчанка, го победи вирусот, побарала сликата со персоналот да се објави на Фејсбук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
baba-1

На инфективното одделение во Прилеп е излекуван најстариот пациент заразен од коронавирус. 85-годишната Елена Макалоска е испратена на домашно лекување по 21 ден престој во болницата. Иако била со тешка клиничка слика и масивна пневмонија, докторката Мирјана Крстеска, инфектолог во прилепската болница, за „А1он“ вели дека со две терапии, но и поддршка од ќерката на 85-годишната прилепчанка, успеала да го победи вирусот.

— реклама —

Но, според докторката, клучна била упорноста. „Ја лекувавме 21 ден, а беше примена во тешка состојба со слаба крвна слика. Клична беше упорноста. Ние бевме позитивни, бидејќи и таа беше така настроена. Во ниту еден момент не се откажа.

Таа велеше: ако преживеам, сакам да се сликаме и да ставиме на ‘Фејсбук’. Ѝ ја исполнивме желбата. 85-годишната пациентка е пуштена на домашно лекување, а наредите пет дена ќе биде на антибиотска терапија. Има два негативни теста на Ковид-19“, раскажува инфектологот Крстеска за „А1он“.

— реклама —

 

Текстот во целост на: А1 ОН

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања