Денес ЕКО - ФАП повторно беше на висина на задачата за нашиот Охрид и Галичица! По аларм на ренџерската служба на Н.П. Галичица, со задоволство е одстранета мини депонија со претежно кабаст отпад кај село Рамне.
Огромна благодарност укажувам кон:
Игор Јовчески- Капетанија Охрид, Ѓуро Јовчески - Н.П. Галичица за несебичното залагање и прекрасната дружба, а исто така до сите кои ја помогнаа иницијативата, објави на својот ФБ профил капетанот на капетанија Горан Устијаноски, кој беше вклучен во оваа акција.

фото: ФБ Горан Устијаноски