„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ФОТО: Активистка од Скопје со крвави фотографии тврди дека татко ѝ се обидел да ја убие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
asasdgagfgafgasdf

Активистката Моника Ристеска-Конопова која минатата година заврши во затвор бидејќи јавно пушеше марихуана, вчера била натепана од нејзиниот татко во семејната куќа во скопски Даме Груев. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од неа на кои се гледаат расекотини на лицето, крв и тешки повреди. Под фотографиите кои се јавно објавени, таа напишала: „Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата“.

— реклама —

https://twitter.com/MoniqueKonopova/status/1265395473101328384

Подоцна, таа завршила во болница, каде денес ќе и бидат направени операции според нејзините тврдења.

— реклама —

Полицијата постапила на терен и го уапсиле нејзиниот татко, кој 24 часа е во станица. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека таткото на активистката Ристеска ќе се гони за делото телесна повреда.

„Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот“, соопшти министерот Чулев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања