Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ФОТО) Албанските рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“, тешка над 100 килограми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
ajkula

Албански рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“.

— реклама —

Пленот кој „паднал“ во мрежите на рибарите од јужното градче Химара, околија Валона, долг е два метра а тежок над 100 килограми.

Ова е втор случај на уловена ајкула од овој вид во водите на Јонско Море кај Химара. Претходно беше уловена ајкула со должина од четири метри и тешка околу 412 килограми, што е најголема уловена ајкула во земјата.

— реклама —

Ајкула од овој вид беше уловена и од мрежите на албанските рибари од приморскиот град Валона на околу три милји од островот Сазан. Пленот беше долг три метри а тежок околу 100 килограми.

Според биолозите, ајкулите од видот „дем“ се на второ место по опасност по белата ајкула.

Во последно време се почести се случаите албанските рибари во своите мрежи меѓу пленот да најдат и ајкула.

Тежината на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања