Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Античкиот театар безбеден за уметниците и посетителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohridsko-leto

Фестивалот „Охридско лето“ како најголема културна манифестација ги презема сите безбедносни мерки за здраствена заштита за реализација на годинешнава јубилејна програма. Пред вечерашното Свеченото отворање, на целиот простор, сцената и гледалиштето на Античкиот театар, е направена дезинфекција од страна на Центарот за јавно здравје. Ваква заштита ќе се прави и по завршување на концертот. Со тоа обезбедуваме целосна безбедност и заштита како за уметниците така и за публиката.

— реклама —

— реклама —

Според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19 ќе се почитуваат и мерките за носење маска, одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, мерење на температура на влез за секој посетител, спроведување на коридорски систем на движење на публиката.

— реклама —

— реклама —

Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, а со цел беспрекорна заштита оваа година Охридско лето настаните ги реализира на отворен простор. Свеченото отворање е на Античкиот театар каде од вкупниот капацитет од 1700 места ќе се намали на 400 односно гостите ќе бидат распоредени на 2 метри растојание на секој втор ред од гледалиштето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања