Повеќе лица се лишени од слобода во неколку одделни полициски акции во Тетово и Гостивар, при што биле пронајдени оружје, муниција, дрога, дигитални ваги и парични средства, соопшти МВР.
Во првиот случај, на 21 август, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б. (41) од тетовското село Лешок.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин калибар 7 милиметри со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри со празни рамки, воздушна пушка 5,4 милиметри со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар.
Истиот ден, околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.М. (39), Д.М. (26), Б.С. (37), Р.Р. (66), Б.А. (37) и Р.В. (72), сите од Гостивар, како и Н.Л. (65) од Скопје.
Полицијата постапувала по претходна пријава дека во гостиварското село Куново е нарушен јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје.
На местото биле пронајдени чаури, а при претреси во неколку викенд-куќи во Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје, меѓу кои ловечки карабини, ловечки пушки и пиштол, како и поголема количина муниција.
Во третиот случај, во периодот од 22:30 часот на 21 август до 1:30 часот на 22 август, полициски службеници од СВР Тетово, во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во куќа и барака-работилница во Тетово што ги користел П.М. (36).
Во работилницата биле затекнати Л.С. (19) и двајца 16-годишници. Кај Л.С. и кај еден од малолетниците биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги.
Дополнително, во објектот биле пронајдени кутии со бела прашкаста материја, како и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата биле лишени од слобода.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1361881732789017&set=a.231255619184973