Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски беше домаќин во Кучково на скопските градоначалници каде традиционално се одбележа св. Трифун со кроење на лозјата. Таму освен Дарко Костовски од Бутел и Орце Ѓоргиевски од Кисела Вода, се појави и скопската градоначалничка Данела Арсовска која војува со нејзините колеги и јавно ги обвинува откако стана претседателка на партија.

Од фотографиите може да се види како таа стои зад Костовски и Стојкоски.

На настанот беше и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

„Ја продолживме македонската вековна традиција! Го закроивме лозјето кај црквата Св.„Трифун“ во селото Кучково по повод истоимениот денешен празник. Посакавме бериќетна и плодна година за род на грозјето. Овој ден е особено значаен за мештаните, особено за лозарите и градинарите, бидејќи се верува дека Св.Трифун ги штити лозјата од разни штети, болести и несреќи. Пред чинот на закројување, одржана е традиционална литургија во истоимената црква. Овој ден се смета и за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Задоволство е да се помине денот со ѓорчепетровци кои особено му се радуваат на денешниот празник. Посакувам уште долги години заеднички да ги одбележуваме традициите. За многу години денот и нека биде плодна и бериќетна годината“, напиша Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.