Автомобил утрово излетал од патот Охрид-Ресен. Од пожарната бригада велат дека интервенирале на терен со четири пожарникари и едно возило.
„ТППЕ на 13.11.2022 во раните утрински часови(05:00ч) прими дојава за излетано возило на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на тунелите. Интервенирано е со 1 возило и 4 пожарникари. Во екстремно тешки услови екипата на ТППЕ успеа да го лоцира возилото и да ги извади и предаде на екипите на Брза Помош двајцата повредени патници“, се вели во соопштението.
/314398526_437980198520121_1352952294901926761_n" rel="attachment wp-att-204391">