(Фото) „Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра – тврдел дека истерува зли магии од нивниот син

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
bajac

Полициски службеници од СВР Штип во соработка со ОВР Берово, СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција привеле 54-годишен жител на скопското село Трубарево, осомничен дека подолг временски период измамувал брачен пар од Берово, претставувајќи се како „бајач“ со натприродни способности.

— реклама —

Како што информира МВР, на 3 јули Б.Д. (76) од Берово пријавил дека во периодот од 2022 до 2025 година, осомничениот Д.И. (54) лажно се претставувал како „Божји човек“, истерувач на зли духови и маѓии, тврдејќи дека нивниот син е под влијание на „црна магија“ која му го загрозува животот.

— реклама —

„Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот. Притоа, во наведениот речиси три годишен период ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период“, велат од МВР.

— реклама —

Оттаму додаваат:

„По примањето на пријавата од страна на полициски службеници од СВР Штип во содејство со полициски службеници од ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени. Така вчера (04.07.) во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, скопско кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3000 евра. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со кривичното дело - „измама". По целосно преземени мерки и активности против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама" и истите се предадени на Судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања