Билборд во центарот на Скопје може да падне во секој момент. Граѓаните објавија фотографии на социјалните мрежи од билбордот кој се наоѓа на надвозникот кај Бит Пазар и велат дека истиот претставува голема опасност за минувачите.
„Билбордов кој се наоѓа над надвозникот кај Бит Пазар е голема опасност за сите минувачи!
Секој момент може да падне врз некого!
Ќе реагира некој?
Ќе го отстрани некој пред да се случи некоја несреќа?“, стои во објавата.