Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

(ФОТО) Битола го празнува денот на ослободувањето на градот – 4 ноември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bitola-1

Битола, денес одбележува 75 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна. Денешните активности, по повод овој историски значаен датум за Битола, започнаа со прием на делегација од Општинскиот одбор на Сојузот на борците во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска. На средбата се разговараше за повеќе важни теми кои се однесуваат на заштитата на културно – историските споменици и спомен обележјата подигнати во чест на загинатите борци, како и за повеќе активности во оваа насока кои ќе следуваат во идниот период, а се однесуваат на оддавање достојна почит на оние кои ги положија своите животи за денешната слобода на Битола.

— реклама —

Денешното чествување продолжи со положување на цвеќе пред спомникот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола, каде покрај Градоначалничката Петровска, претставници на Советот на Општина Битола и претставници на Сојузот на борци, присуствуваа и делегации од збратимените градови: Епинал и Херцег Нови, како и делегација од пријателската Општина Конак од Измир, Република Турција, со која наскоро ќе следува збратимување.

— реклама —

Градоначалничката Петровска, испрати честитка до сите свои сограѓани, притоа нагласувајќи ја важноста на нашето денешно делување за иднината на сегашните и генерациите кои доаѓаат:

— реклама —

„Денес е празник кој што многу ни значи, заради тоа што, денешницата ја имаме токму заради тие луѓе којшто ја извојуваа победата во едни тешки времиња. Нека ни е честит празникот 4 Ноември и нека ни се множат уште многу години. Да сме здрави, живи и исполнети во нашите срца“, изјави Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

— реклама —

Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на Народниот херој Стив Наумов и на Партизанските гробишта во Битола.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања