Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Бомби, пушки, автоматско оружје - позната возраста на скопјаните кои планирале одмазда за нивните осудени браќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryjijc629lb4us3L49QJ1

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против три лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

— реклама —

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против Б.Д. (33), М.Д. (29) и С.Е. (25). Тие се товарат за кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.

— реклама —

Според наодите од предистражната постапка, постои сомнение дека осомничените се организирале со цел одмазда за своите браќа, кои во текот на минатата година биле обвинети и осудени за кривичното дело „терористичка организација“. Досега прибраните докази укажуваат дека тројцата дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба заснована на радикални исламистички наративи.

— реклама —

Надлежните служби се сомневаат дека осомничените преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство, кои, според истрагата, биле користени за пропаганда и активности поврзани со таканаречената исламска држава, како и за набавка на оружје.

По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници извршиле претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите биле пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, како и муниција од различен вид и калибар и други материјални докази релевантни за истражната постапка.

media-libraryqjhgllfvrja22bhhHWi

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Приведен маж баран со судска наредба, спроведен во затворот во Тетово

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library8skjdshdqgaucEmWe69

Нелегално копале во гостиварско за да најдат злато, четворица лишени од слобода

Македонија | пред 4 часа

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца тетовци лишени од слобода, осомничени за неколку кражби

Македонија | пред 4 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Малолетник нападнат од група врсници во Аеродром, случајот пријавен во полиција

Скопје | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања