Холивудските актери Бред Пит и Едвард Нортон станаа вирален хит на социјалните мрежи по нивното заедничко појавување на натпреварот меѓу САД и Турција на Светското првенство, одржан на „Софи стадионот“ во Инглвуд.
Иако натпреварот привлекуваше спортско внимание, камерите и публиката често се фокусираа на ВИП ложата, каде беа присутни бројни познати личности. Посебно внимание привлече повторното заедничко појавување на Бред Пит и Едвард Нортон, кои претходно глумеа заедно во култниот филм „Fight Club“ од 1999 година.
Нивното појавување веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде корисниците започнаа да објавуваат мемиња поврзани со познатата филмска приказна, во која ликот на Нортон всушност комуницира со алтер егото на Бред Пит.
„Зошто Едвард Нортон зборува сам со себе“, „Не се опоравил од 1999 година“, „Едвард Нортон повторно се тепа сам со себе“, „Продолжение на филмот ‘Fight Club’“, беа дел од коментарите.
Набрзо се проширија и фотомонтажи и вештачки генерирани видеа, во кои двајцата актери се прикажани во хумористични ситуации, што дополнително ја зголеми виралноста на настанот.