(ФОТО) Бунарите од карпошани пијат вода се загадуваат со фекалии, а кај еден од нив има и депонија, обвинуваат „Независни за Карпош“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
243138901_178463897727301_1143783131453727763_n

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош-За заштита на Карпош“ објави фотографии од кои се гледа како фекалии истекуваат во бунарите од кои со вода се снабдува целата општина. Тие велат дека испустите на фекалии ги има четири години и не се отстранети, а коритото на Лепенец не е исчистено, со што е невозможно да е види дали постојат и други испусти на отпадни води.

— реклама —

Нивната објава во целост:

💧 Бунарите од системот Нерези - Лепенец во Карпош од кои летно време пиеме вода и кои во последниве години се користат во целост, се загадуваат во сите 3 зони на заштита. Фекалните и атмосферски испусти директно во реките Вардар и Лепенец, а кои се во непосредна околина на бунарскиот систем, не се отстранети и после 4 години. Коритото на Лепенец не е исчистено во ширина од 3-5 метри и е оставено непристапно и не може да се види дали постојат и други испусти на фекални и други непрочистени отпадни води. Има диви депонии во непосредна близина на заштитната ограда на првата заштитна зона на еден од бунарите.

— реклама —

👉 Инаку, со бунарите стопанисува ЈП „Водовод и канализација“, каде директор е сегашниот кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Душко Весковски.

🆘 Како ова да е малку, лани летото во делот на втората заштитна зона се одвиваа недозволени активности на ископување на песок и чакал и полнење на дупките со отпад. Имше по телевизии и социјални мрежи фотографии и видеа.

Градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев тогаш тврдеа дека сè е во ред, но за два дена дупките каде не смееше да се ископува песок и чакал и каде не смееше да се полнат со отпад, се затрупаа и порамнеа, глумејќи активност за изградба на парк...и толку.

❌ Како градоначалник на општина Карпош на чија територија е ова заштитено подрачје, Стефан Богоев беше должен да го заштити, но не го стори тоа.

❌ Душко Весковски, во улога на директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје исто така е должен да го заштити ова подрачје, но не го стори тоа.

♨️ Докази постојат, но тие тврдат дека сè е во ред.

За 4 години, за кои можеа да ги санираат проблемите наведени во експертизата како жаришта, а кои бараат итно делување, не го сторија тоа. Од наведените депонии само една помала е санирана, а состојбата на терен е очајна.

Во прилог се видеа и слики од состојбата на терен, сликани вчера 24.09.2021, како и лажните ветувања од предизборната програма на Шилгов и Богоев за подобар живот и заштита на водата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања