(ФОТО) Царина запленува фејк производи од „Армани“, „Гучи“, „Ролекс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
3

За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа:

— реклама —

- Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост.

— реклама —

— реклама —

- На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фри – шоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари.

- Спречен обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце. На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања