Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Царинската управа доби нова софистициран рачен скенер за пребарување возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
15-1

Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, на Царинската управа на Република Северна Македонија и донираше нова софистициран рачен скенер за пребарување возила. Донацијата ја предаде г. Адам Вудроу, офицер за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство .

— реклама —

Директорот на царинска управа Ѓоко Танасоски истакнал дека скенерот што ќе го користат мобилните тимови претставува еден од начините за спречување и откривање на закани, како и стандард во секојдневното оперативно работење. Директорот посочи и дека поддршката и воспоставената соработка со царинските органи на Обединетото кралство е насочена кон подобрувањето на постојните и примената на нови техники и модалитети на работење преку размена на информации и најдобра практика во областа на борбата против криминалот, но и придонес кон забрзувањето на царинските постапки и трговија.

— реклама —

Офицерот за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство г. Вудроу изразил задоволство од досегашната соработка со Царинската Упрва на Република Северна Македонија, и се надева дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

фото: ФБ Ѓоко Танасоски

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања