Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(ФОТО) Цртежите од охриѓанецот Марио Шапкар го освоија и најдобриот хиперреалистички уметник во светот, Келвин Окафор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
porteret

Охриѓанец Марио Шапкар кој има неверојатен талент, го освојува светот. Неговите цртежи изработени само со молив ги воодушевуваат сите, дури и најголемите уметници. Најдобар пример за ова последниот негов цртеж, за кого доби пофалби дури и од  Келвин Окафор, најдобриот хиперреалистички уметник во светот.

-Келвин Окафор отсекогаш ми бил најголема инспирација, тој беше и причината поради која почнав да цртам пред неколку години. А, последниве седмици одвоив доста време за да го нацртам неговиот портрет и тоа целосно се исплати со тоа што тој ме објави на неговиот инстаграм профил, ме заследи и ми остави комплименти што од една страна ми претставува огромна чест и задоволство, а од друга страна сѐ повеќе ме мотивира да се унапредувам во иднина, вели Марио за Скопје 1.

Инаку Шапкар уште од малечок, ужива во цртањето. Со тек на време неговата најголема страст – спојот на моливот и хартијата станува негово секојдневие. Сите негови цртежи се изработени само со молив.

— реклама —

Станува збор за исклучителен талент и огромна посветеност на неговата работа. Неговите портрети на богатите и славните се екстремно верни на оригиналот, така што секој што ќе ги погледне несомнено ќе подзастане за да се увери дека се навистина цртежи, а не реални фотографии.

Најважното од сè, е тоа што уметникот има внесено живот во овие лица, давајќи им душа и карактер.

Неодамна Шапкар за Скопје 1 раскажа дека со почнувањето на средното образование, почнал да цртам портрети од членови од неговата фамилија, со што го открил својот талент и се насочил кон усовршување и константно вежбање кое  со текот на времето му  носи големо задоволство.

— реклама —

На прашањето кој му е омилен лик позната фаца, која си ја нартал повеќе пати, Шапкар вели:

- Сум цртал личности од музичката, а исто така и од филмската сцена, но Анџелина Џоли е сепак онаа која сум ја нацртал повеќе пати, заради специфичниот изглед.

— реклама —

 

Делата на Марио Шапкар од сега може да се најдат и на порталот Kupionline.mk

Фото: Марио Шапкар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања