По неколку години отсуство, споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето повторно е поставен, а градоначалничката Данела Арсовска објави и фотографии од споменикот кој беше отстранет во времето на претходното градско раководство.
Контроверзната статуа беше отстранета од поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година, бидејќи бил дивоградба, а беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалник беше Коце Трајановски.
-Споставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија.
Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава.