(ФОТО) Делегација на град Скопје положи цвеќе за загинатите во земјотресот во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Денеска , на градските гробишта во Бутел, домашни  и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од  катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.

— реклама —

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Исто така, цвеќе положи  и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Бојан Ивановиќ, Ерџан Селими и Агон Саити.

— реклама —

Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје што се случи пред 57 години, дадоа и делегација од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од општините во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања